Вардарци тргнуваат против Зенит, а завршуваат против Розенборг


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Познат е распоредот на натпреварите на нашиот Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.

Вардарци својата прва, историска авантура во второто по ранг натпреварување во Европа ќе ја започнат на домашен терен против гигантот Зенит Санкт Петербург.

Веќе во второто коло Вардар го има првото гостување. На 28 септември „црвено црните“ ќе гостуваат во Трондхајм на Розенборг.

Комплетниот распоред на натпреварите на Вардар во групата Л од Лигата на Европа:

 

1. КОЛО – Вардар – Зенит     (14.09.2017)

2. КОЛО – Розенборг – Вардар         (28.09.2017)

3. КОЛО – Реал Сосиедад- Вардар  (19.10.2017)

4. КОЛО – Вардар – Реал Сосиедад (02.11.2017)

5. КОЛО – Зенит – Вардар     (23.11.2017)

6. КОЛО – Вардар – Розенборг         (07.12.2017)