Вардар го дозна противникот на Ф4 во СЕХА


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вардар денеска го дозна противникот на фајнлфорот во СЕХА-лигата, откако ППД Загреб загуби од Татран Прешов во последниот меч за да игра против Нексе во полуфиналето, додека како противник за „црвено-црните“ остана Мешков Брест.

Вардар годинава беше најдобар во регуларниот дел на табелата во СЕХА, а тоа се случи благодарение на „намерниот“ пораз на хрватскиот тим.

Ф4-турнирот ќе се игра во Брест на втори и трети април, а на првиот ден Вардар игра полуфинале против Мешков, додека утредента се игра мечот за трофејот и за третото место.

Да потсетиме, „црвено-црните“ ја бранат титулата во СЕХА-лигата, која ја освоија минатата година со победата против Загреб од 26-24.