Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на фудбалскиот клуб Вардар денес го потврдија трансферот на рускиот интернационалец, Максим Максимов.
21 годишниот напаѓач потпиша тригодишен договор со „црвено црните“, а во таборот на Вардар пристигнува од литванскиот клуб Тракаи.
„Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лигата на Европа, зошто да не и да продолжиме понатаму во следната фаза“- истакна Максимов за официјалната страница на Вардар.
Максимов беше најдобар стрелец во квалификациите за Лигата на Европа оваа сезона постигнувајќи седум погодоци на шест натпревари.