Вардар го совлада Шкупи и закажа дуел со Шкендија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тимот на Вардар го победи Шкупи со 2:0  во реванш натпреварот од осминафиналето од Купот на Македонија и со вкупен резултат 3:1 се пласираше во ¼ финалето.

Во следната фаза од ова натпреварување Вардар закажа средба со нивниот најголем ривал Шкендија. Многумина сметаат дека победникот од овој двобој ќе биде и шампионот на Купот на Македонија.

Головите за Вардар ги постигнаа Бобан Николов во 64. минута и Максим Максимов кој ја затресе мрежата на Бериша во 82. минута.