Вардар заборави да победува


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар го запиша и третиот пораз во низа откако загуби на последниот контролен натпревар од тимот на Тосно.

Натпреварот беше решен уште во 15 минута кога Мелкадзе помина покрај „заспаната“ одбрана на Вардар и без проблем го матираше Филип Гачевски.

Вардар имаше мини шанси преку иБлажевски, Којашевиќ, Фелипе и Боарето за да го изедначи резултатот, но на крај, сепак го забележаа третиот пораз во низа. Она што треба да загрижува е и фактот што Вардар веќе три меча не знае за погодок.

Инаку, веќе втор натпревар по ред шанса не добива играчот кој е на проба во Вардар, Лима, па веројатно Бразилецот нема да потпише договор со шампионот на Македонија.

„Црвено црната“ експедиција утре се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за двомечот со Малме.