Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Капитените на екипите, кои беа учесници во СЕХА-лигата го одбранаа најдобриот тим, а во него се наоѓаат дури четири ракометари на Вардар.
Вардар ја брани титулата во СЕХА, а регуларниот дел од сезоната го заврши на првата позиција со 14 победи и само четири порази.
За најдобар голман беше избран Дејан Милосављев, додека од „црвено-црниот“ табор место во најдобриот тим најдоа и Игор Карчиќ, Даинис Криштопанс и Тимур Дибиров.
Во идеалниот тим најдоа место и Петар Џорџиќ од Мешков Брест, Златко Хорват од Загреб, Марин Шипиќ од Нексе и Павел Хорак, исто така, од Мешков Брест.
Да потсетиме, Вардар ја брани титулата во регионалното натпреварување.