Вардар конечно се засили, во „црвено црниот“ табор пристигна некогашниот најголем македонски талент


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Вардар откако „отспа“ поголем дел од зимскиот преоден рок ангажирајќи го само Жуниор Реис Родригез од Вардар полека почнува да го составува составот со кој ќе се спротивстави на Шкендија во вториот дел од сезоната.

Ново засилување за Вардарци е 23 годишниот фудбалер од средниот ред, Даниел Аврамовски кој стави потпис на договор до крајот на сезоната.

Аврамовски кој во кариерата ги има носено дресовите на Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Црвена Звезда, ОФК Београд, Војводина и Олимпија Љубљана истакна дека уште од мал сакал да заигра за тимот на Вардар.

„Драго ми е што потпишав за Вардар. Можам да кажам дека уште од мал навивам за Вардар, иако играв за други клубови. Сега практично ми се оствари сонот да играм за овој клуб“, рече Аврамовски.

„Очекувам брзо да се адаптирам затоа што со голем дел од играчите се знам. Сум играл со нив и по репрезентација и по клубовите, добро ме познаваат, добри ги познавам и јас нив. Во пролетниот дел пред се добра игра како екипа, и нормално добри резултати.  Знам дека од Вардар секогаш се бараат победи, резултати, знам како е да се носам со тој предизвик. Целта ни е секако титулата, а излезот во Европа не треба да биде доведен во прашање. Со нетрпение очекувам да се приклучам на подготовките на екипата, да се наметнам на стручниот штаб, и потоа низ пролетниот дел да бележиме добри резултати“-вели Аврамовски.

Се очекува во следниот период Вардар да го потврди и Хуан Фелипе, а утре ќе видиме дали во составот ќе се врати и Кларенс Битанг кој ги пропушти подготовките во Анталија.