Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европскиот првак Вардар остана непоразен и по вечерашното тешко гостување во Манхајм кај Рајн Некар Левен.
Сите заслуги за освоениот бод одат кај Арпад Штербик кој одбрани зицер во последната секунда од натпреварот и со тоа резултатот остана 21:21.
Избраниците на Раул Гонзалез ќе останат на првото место и значително си ги зголемија шансите за директен пласман во четвртфиналната фаза од најелитното натпреварување.
Штербик блескаше на голот со 13 интервенции, а најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со пет постигнати погодоци.
Во следното коло Вардар во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Кристијанштад.