Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Вардар очекувано лесно славеше против Војводина во „Јане Сандански“ со убедливи 15 голови разлика (37:22).
Раул Гонзалес во комбиниран тим го започна натпреварот и шанса за настап добија голманот Ѓорѓески, како и Недановски и Поповски.
Подзаборавениот Неданоски и репрезентативното крило Поповски одлично одговорија на укажаната доверба од Гонзалес и заедно со младиот Ѓорѓески кој собра неверојатни 18 интервенции беа најзаслужни за убедливата победа на Вардар.
Поповски натпреварот го заврши со десет голови додека пак Недановски зад своето име запиша четири погодоци.
Ова беше деветта победа за „црвено црните“ во исто толку средби во регионалната СЕХА лига.