Вардар поразен на гостувањето во Ерменија (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Екипата на Вардар беше поразена во првиот натпревар во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите на гостувањето во Ерменија кај екипата на Пјуник.

Избраниците на Бобан Бабунски одиграа подпросочен натпревар во кој примија еден несреќен гол, но и не упатија ниту една посериозна закана кон противничкиот голман.

Домаќините стигнаа до водство во 28. минута кога една топка среќно го погоди напаѓачот на Пјуник, Конате кој го измами Гачевски и погоди за 1:0.

Вардарци ќе мора да одиграат многу поквалитетно во реваншот кој е закажан за седум дена во Скопје доколку сакаат да изборат пласман во следната рунда од квалификациите.