Вардар спогодбено го раскина договорот со Којашевиќ

Од Вардар, покрај ангажманот на Максим Максимов потврдија дека го раскинале договорот со еден од нивните најдобри фудбалери од минатата сезона, Дамир Којашевиќ.

Црногорскиот репрезентативец пристигна во Вардар во 2016 година, а за Вардар забележа 50 настапи на кои постигна 13 погодоци.

И претходно имаше најави дека Којашевиќ ќе го напушти клубот, но тој остана до крајот на квалификациите за Лигата на Европа, а по пласманот во групната фаза двете страни се решија за спогодбен раскин на договорот.