Вардар триумфално во Струмица, Работнички прокоцка предност против Силекс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Македонија, Вардар без многу мака со 2:0 го совлада тимот на Академија Пандев во Струмица.

Избраниците на Чеде Јаневски со тоа стигнаа до четврта победа по ред со што не и дозволија на Шкендија дополнително да се одлепи на лидерската позиција.

Максим Максимов го отвори резултатот во продолжението од првиот дел, а конечниот резултат го постави Ацо Стојков во последните моменти од натпреварот.

Силекс во Кратово со пресврт славеше против Работнички кој на полувреме водеше со 1:0. Голот за „романтичарите“ го постигна Остоја Стјепановиќ уште во седмата минута.  Силекс преку Ѓорѓевиќ и Стојчевски го направи пресвртот и славеше значајна победа  со која дојде до третата позиција на табелата.

Резултати:

А. Пандев- Вардар 0:2

Скопје- Победа 0:1

Пелистер- Шкупи 2:2

Силекс- Работнички 2:1