Вардар ја растури Победа, првенец за Итало


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион на Македонија, Вардар со убедливи 4:0 славеше против прилепска Победа во второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

Избраниците на Чеде Јаневски покажаа сила против прилепчани, а погодоците за домашниот тим ги постигнаа Тигран Барсегјан, Дамир Којашевиќ, Итали и Хуан Фелипе.

Вардар дојде до водство уште во четвртата минута од натпреварот кога Барсегјан доби употреблива топка, помина низ двајца противнички фудбалери и со прецизен удар ја затресе мрежата на Талески.

На 2:0 зголеми Дамир Којашевиќ во судиското продолжение од првото полувреме. Црногорецот  налета на одбиена топка и без проблем ја затресе мрежата на Победа.

Третиот гол за Вардар беше дело на новиот играч на клубот, Бразилецот Итало. Напаѓачот добро скокна по центаршутот на Брдаровски, упати удар со глава, Талески одбрани, но топката повторно се врати во Итало кој не погреши од вториот обид.

Конечните 4:0 ги постави Хуан Фелипе од белата точка. Пред самиот крај на натпреварот Итало имаше шанса и за втор погодок, но Талевски го одбрани неговиот удар.

Во дербито во Битола, Пелистер и Работнички ги поделија бодовите играјќи 1:1. „Романтичарите“ први стигнаа до водство преку Кире Маркоски во 50. минута од натпреварот. Конечниот резултат го постигна Благоја Љамчевски кој измами неколку фудбалери на Работнички и со убав шут го матираше Дамјан Шишковски.

Академија Пандев ја забележа својата прва историска победа во Првата Македонска фудбалска лига откако денес со 2:0 славеше против тимот на Скопје. Творци на победата на Пандевци беа Љупчо Дориев и Александар Мисов.