Варди и Марез: „Благодариме, Клаудио“


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


Двајцата најдобри играчи на Лестер во минатата (шампионска) сезона, испратија благодарност до довчерашниот тренер Клаудио Раниери, кој е отпуштен од клубот.

Марез по пат на Твитер се заблагодари на Италијанецот на довербата и соработката.

„Големо почитување за овој одличен човек, кој ни помогна да испишиме историја.

Помогна да пораснам како играч, ми даде храброст која ми беше потребна. Веруваше во мене од првиот ден. Благодарам на се, среќно. Бог те благослови“, напиша Марез на Твитер.

 

 

Нешто поелоквентен беше Џејми Варди, за кого се пишуваше дека е еден од играчите што бараа Раниери да добие отказ.

„Должам многу на Клаудио и не можам да пронајдам вистински зборови со цел да опишам. Тој засекогаш ќе ја има мојата почит. Тоа што заедно направивме просто е невозможно. Веруваше во мене кога повеќе никој не веруваше и вечно ќе му бидам благодарен. Се шпекулира дека бев вклучен во неговата смена и тоа се полно лаги, неосновани, тоа многу ме боли. На Клаудио му посакувам се најдобро без оглед на се. Благодарам Клаудио за се“, се огласи Варди.