Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Французинот судејќи по се ќе останува во Арсенал во свој стил и го доведува најдобриот стрелец во белгискаталига.
Сезоната само што заврши, а додека се очекува да објави дека останува во Арсенал, Арсен Венгер го договори првото засилување во летниот преоден рок.
Иако навивачите на Топџииџте веруваа дека трансфер пазарот можеше да го отвори со некоја „бомба“, Венгер во свој стил ги израдува со 19-годишниот суперталентиран напаѓач од белгиски Еупен, Хенри Онјекуру.
Англискиот гигант, како што јавува Скај, на име оштета ќе плати околу 8 милиони евра, а преостанва Енјукуру да го договори личниот договор со Арсенал.
Во минатата сезона овој нигериски напаѓач блескаше во Еупен и со 20 голови на 28 натпревари беше најдобар стрелец во шампионатот, а екипата успешно избори опстанок во белгиското елитно натпреварување.
Зимата Еупен за овој фудбалер одби понуда од шкотскиот шампион Селтик, а Нигериецот во претходните месеци го гледаа и Евертон, Саутемптон, Кристал Палас, ВБА и Вест Хем.
Инаку, Онјекуру првите фудбалски чекори ги направи во Академијата Аспире во Катар пред седум години, а во 2015 година премина во Еупен.
Тој моментално се наоѓа со репрезентацијата на Нигерија во Париз каде што четврток може да дебитира за сениорскиот тим.