Венгер е поранешен, неколку имиња веќе сега во игра!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Французинот и сигурно го напушта Арсенал, обложувалниците денеска го намалија коефициентот на негово заминување.

Арсен Венгер ги поминува последните недели на клупата на Арсенал, тврдат сите во Англија, од медиуми до обложувалници.

Арсенал во понеделникот забележа нов пораз, Кристал Палас ги разби Топџиите со резултат 3:0 и ги оддалечи од Лигата на шампионите.

Ден подоцна, се појавија шпекулации за потенцијалните замени за Арсен Венгер.

Според статистичарите, обложувалниците во Англија сега поставија повисок коефициент за Венгер да остане – 2.10, отколку да го напушти Арсенал – 1.65.

Покрај тоа, обложувалниците тврдат дека Макс Алегри и понатака е прв кандидат за клупата на Арсенал со коефициент од 5.00, на Томас Тухел е дупло поголема,  а следи Еди Хоу со коефициент 11.00, а потоа помалку шанси се даваат на Диего Симеоне, Леонардо Жардим и Хулијан Нагелсман.

Покрај тоа, денеска во медиумите се појавија и шпекуации дека Арсенал е заинтересиран и за Ернесто Валверде од Атлетик Билбао, кој исто така се наоѓа и на мета на Барселона.

Поедини медиуми отидоа понатака, тврдејќи дека во игра се дури и поранешни играчи и легенди на клубот Тиери Анри и Денис Бергкамп, што покажува дека сите во Лондон едвај чекаат да го видат на Венгер грбот после две децении.