„Венгер некогаш го одби Баерн“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јавноста малку е познато дека Арсен Венгер во минатото имаше можност да го преземе Баерн.

Пред вечерашниот натпревар меѓу Арсенал и Баерн, извршниот директор на минхенскиот клуб Карл – Хајнц – Румениге за медиумите во Англија откри дека во текот на деведесеттите години Арсен Венгер имаше понуда од Баварците.

„Пробавме еднаш да му пријдеме, беше тоа во текот на деведесеттите. Тој, меѓутоа, одлучи нешто друго да замине во Јапонија. Сакаше да доживее што поголемо искуство и затоа, нажалост, не се договоривме“, изјави Румениге.

Венгер на клупата на Арсенал е од 1996 година и на крајот на сезоната, како што стојат работите, ќе ја заврши својата долгогодишна епизода во Лондон.

Навивачите се незадоволни со резултатите кои  клубот ги остварува под водство на Венгер и од него во неколку наврати отворено побараа да замине.