Венгер останува, им ги расипува плановите на Челси и донесува дефанзивец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според медиумите, Венгер ќе остане во Арсенал, а ова лето е подготвен да донесе некои засилувања.

Венгер е критикуван поради очајната игра на Арсенал оваа сезона, а навивачите сакаат да замине од тимот, но изгледа дека тој доби доверба и ќе остане во тимот барем уште една сезона.

Ова лето е решен да купува, минатото промаши со Џака и Перез, а добро засилување му беше само Мустафи.

Наводно сега е подготвен да понуди одредена сума за Ван Дајк и така да му ги расипе плановите на Челси.

Поради интересот за Ван Дајк, Саутемптон нема да се согласи на понуда помала од 50 милиони фунти за неговите услуги.

Ван Дајк оваа сезона одигра 21 натпревар во ПЛ, постигна 1 гол, а поради повреда е надвор од терените уште од јануари.