Венгер останува и планира драстична промена во тимот – Ова е списокот на засилувања


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Арсен Венгер изгледа дека ја договори својата иднина во Арсенал, во тоа повеќе нема дилеми.

Еден од оние тренери на кои им гори под нозе е Арсен Венгер.

Понижувањето од Баерн беше премногу, многу сакаа французинот после 20 години да го напушти Арсенал.

Сепак, тоа нема да се случи, Венгер ќе остане минимум уште една година.

Од друга страна, тој го составува тимот за следната сезона бидејќи се очекува заминување на макар еден од двајцата фудбалери кои се најголеми ѕвезди во клубот. Алексис Санчез и Месут Озил се блиску до заминување, Венгер тешко дека ќе ги задржи.

Ако продаде еден од двајцата ќе заработи огромна сума на пари, а планот му е да ги доведе Мбапе или Лаказет.

Левиот бек е проблем, Монреал е во години, а Гибс е незадоволен и најверојатно ќе замине.

Киеран Тирни е момчето кое би можело да го засили Арсенал, а ќе има промени и во средниот ред каде нови договори за Чемберлејн и Вилшер нема.

Арсенал ја следи ситуацијата во Евертон, би можел да испрати понуда за Рос Баркли посебно ако замине Месут Озил.

Се бара и дефанзивец, неколку засилувања се на радарот, но медиумите не соопштија поконкретни имиња.