Венгер посакува да се врати на фудбалот уште во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсен Венгер во интервјуто за германскиот весник „Билд“ истакна дека е подготвен да се врати во светот на фудбалот.

Французинот пет месеци е без работа откако си змаина од редовите на Арсенал, а сега истакна дека е одморен и подготвен за нов тренерски предизвик.

„Верувам дека ќе почнам со работа на 1 јануари. Не знам уште каде, но јас сум одморен и подготвен да работам повторно. Има клубови, национални тимови на кои можам да се приклучам. Има опција тоа да е и во Јапонија“ –истакна Венгер.