Венгер после пресвртот и преземањето на врвот на табелата предизвика гнев на многу екипи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал дома против Стоук после 0:1 стигна до 3:1 и така и 14 натпревари во Премиерлигата остана непоразен, и барем на еден ден, седна на врвот на Премиерлигата.

„Очекувавме дека нема да биде лесно бидејќи Стоук во последно време загуби само еден натпревар и уведливо славеа кај Вотфорд, а ние малку се потрошивме против Базел во ЛШ.

Денеска клучот до победата беше во смиреноста. Не губевме глава, не паничевме, а се најверојатно е поврзано со фактот дека имаме многу позитивни резултати во последно време“, рече тренерот на Арсенал, Арсен Венгер па продолжи:

„Во минатата сезона воопшто не бевме лоши. Завршивме како втори, но сега мораме да покажеме дека напредувавме. Создадовме амбициозна атмосфера и многу сме амбициозни.

Сега тоа мораме да го покажуваме во секој натпревар. Први сме, но ќе причекаме до утре. Меѓутоа, без оглед на утрешните резултати ние сме внатре. Во минатата сезона бевме многу добри против Топ 5 екипи, но губевме драгоцени бодови од екипи од средината на табелата.

Во оваа сезона наш предизвик е да бидеме одлични против екипи од средината на табелата, или така наречени мали екипи“, појасни францускиот стручнак.

Неговиот колега на спротивната страна Марк Хјуз, беше разочаран бидејќи смета дека неговата екипа можеше да стигне и до реми.

„Знаев дека кај Арсенал доаѓаме со екипа која едвај го преминува центарот, но денеска создадовме неколку многу добри шанси. Гол шансата на крајот од првото полувреме на нас многу влијаеше, а ги подигна играчите на Арсенал. Имавме неколку добри шанси во продолжението преку Крауч на втората статива и да успеевме да постигнеме гол и ќе дојдевме на 2:2, кој знае што ќе беше.

Меѓутоа, треба да оддадеме признание на Арсенал, кој е во страшна форма. Мислам дека во некој нареден период ќе успееме да земеме барем бод, но денеска тоа беше многу тешко“.