Вермален ќе добие уште една шанса во Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгиецот Вермален игра во моментов на позајмица во Рома од Барселона.

Вермален во Барселона дојде во 2014-та година од Арсенал за 20 милиони евра, а тоа се покажа како лош потег на тимот. Тој одигра само 11 натпревари, а надвор од теренот беше долго време поради постојани проблеми со повреди.

Барселона одлучи пред почетокот на оваа сезона да го испрати Вермален на позајмица во Рома, но ниту тоа не му помогна на овој фудбалер. Тој повторно имаше проблеми со повреди.

Сепак, Вермален на крајот на сезоната би можел да добие уште една шанса во Барселона. Познато е дека Енрике го напушта тимот на крајот на сезоната, како и дека Барселона има проблеми во одбраната. Тој се надева дека со доаѓањето на новиот тренер во овој клуб ќе добие нова шанса.