Верноста на прво место: Бисерот од Англија го одби Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според медиумите, младиот фудбалер ја докажа верноста кон Вест Хем.

Рис Оксфорд потпиша нов договор со Вест Хем и така им даде до знаење на Јунајтед дека нема намера да ја смени средината.

Потпиша договор со Вест Хем кој ќе го задржи во клубот во наредните 4 и пол години.

Играчот кој беше втор најмлад стартер во ПЛ со само 16 години, изјави дека е среќен што се е завршено и дека сега конечно може да се посвети на фудбалот.

„Сега сакам да продолжам со работа. Имаше многу приказни за мојата иднина, но среќен сум што сега се е готово и што можам да се вратам на фудбалот.“

Тренерот на Вест Хем, Славен Билиќ очекува големи работи од 18-годишниот фудбалер кој може да игра и во средината на теренот и во одбраната.

„Навистина верувам дека тој има голем талент. На хартија има се што му е потребно да стане играч од светска класа и сега на него останува напорно да работи.“