„Веруваме во нашите шанси за 2-ро место!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Наполи, Каљехон и понатаму верува дека Наполи може да заврши на второ место во Серија А.

Наполи на гостувањето го победи Интер со 1:0во дербито на 34-то коло во Серија А.

„Скоро сме на врвот, тоа го сакавме. Дојдовме на тешко гостување и победивме. Сакаме да продолжиме така во наредните натпревари.“

„Веруваме во нашите шанси за второ место. Секој натпревар е важен за нас.“

Наполи по оваа победа има 74 бодови и сега има само 1 бод помалку од Рома.