Вестбрук за историја – Харден го следи секој негов чекор!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Расел Вестбрук и Џејмс Харден вчера стигнаа до нови трипл-дабл во НБА сезоната.

Оклахома победи на гостувањето кај Сакраменто со 122:118, а повторно најдобар беше Вестбрук кој постигна 36 поени, 11 скокови и 10 асистенции за свој 20-ти трипл-дабл во сезоната. Кај Сакраменто најдобар беше Казнс со 31 поен.

Хјустон го „згази“ Бруклин со 137:112. Најдобар играч беше Џејмс Харден кој постигна 22 поени, 11 асистенции и 11 скокови и така стигна до 12-ти трипл-дабл во сезоната.

Останати натпревари:

Детроит – Лејкерс 102:97
Чикаго – Мемфис 108:104