Вестбрук полуде: Дурант и Кари го изгаснаа „Сонцето“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фантастична ноќ зад нас во НБА лигата. Повторно прво име на вечерта беше Расел Вестбрук, кој постигна трипл-дабл во победата против Лејкерс со 113:96.

    Вестбрук беше неверојатен, никој не можеше да го задржи. Тој постигна 33 поени, 16 асистенции и 12 скокови.

    https://youtu.be/P1UhjKbDhL8

    Сан Антонио стигна до 4-та победа во новата сезона. Тие го победија Мајами со 106:99 со 27 поени на Леонард. Ист број на поени со 15 скокови за Мајами постигна Вајтсајд.

    Голден Стејт по тешка игра со многу маки успеа да го победи Феникс со 106:100.

    Во победничкиот тим најдобар беше Дурант со 37 поени, а Кари постигна 28. Кај Санс, Варен беше најдобар со 26 поени.

    https://youtu.be/-cZjry3i3TE

    Најмногу неизвесност понуди дербито во Тексас помеѓу Хјустон и Далас, а на крајот Хјустон победи. Најдобар беше Харден со 28 поени додека Матјус постигна 25.

    Останати резултати:

    Мајами – Сан Антонио 99:106
    Феникс – Голден Стејт 100:106
    Оклахома – Лејкерс 113:98
    Хјустон – Далас 93:92
    Мемфис – Вашингтон 112:103