Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега сме скоро на половина од регуларниот дел од сезоната, а Вестбрук веќе стигна до 19-от трипл-дабл.
Последниот го направи во поразот на својот тим од Минесота.
По вчерашниот натпревар Вестбрук стана втор играч во историјата на НБА кој успеал на половина сезона да има трипл-дабл со просек од најмалку 30 поени, 10 скокови и 10 асистенции, како и кошаркар со најголем број на трипл-дабл во една сезона уште од 1976 година.
Тој е еден од најдобрите кошаркари и просечно постигнува по 30.8 поени, 10.7 скокови и 10.5 асистенции, но сепак тој е далеку од успесите на Робертсон и Чемберлејн.
Робертсон во сезоната 1961/62 постигна 41 трипл-дабл, а Чемберлејн во сезоната 1967/68 успеа да направи 31 трипл-дабл по ред.