Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем број играчи во летниот и зимскиот преоден рок ја засилија екипата на Вест Хем, а последни се Хосе Фонте и Роберт Снодграс.
Сепак, иако преодниот рок е затворен, од управата на Вест Хем веќе кројат планови за следниот.
Имено, на радарот на Вест Хем е голманот на Сити кој моментално е на позајмица во Торино, Џо Харт.
Харт ќе се врати во Англија кога позајмицата ќе му заврши, но сигурно во Сити нема да остане.
Гвардиола дигна раце од него, Браво е овде, а веќе има и нови имиња кои се поврзуваат како идни чувари на мрежата на Сити.
Вест Хем е решен да ја искористи таквата ситуација, и да го ангажира Харт.
Спремни се да испратат понуда од 15 милиони фунти.