Вест Хем нуди 16.5 милиони евра за момчето што го исфрли Игуаин од тимот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Лукас Прато меѓу главните кандидати за ново лице во нападот на Чеканите.

Лондонски Вест Хем се даде во сериозна потрага за напаѓач во зимскиот преоден рок, а како што наведуваат британските медиуми веќе е испратена понуда од 16.5 милиони евра за Лука Прато од Атлетико Минеиро.

Се работи за 28-годишен фудбалер кој во есента постигна два гола во дресот на репрезентацијата на Аргентина, а успеа и да го заземе местото на Гонзало Игуаин на поедини мечеви.

Вест Хем напраив скаутинг на играчи во Јужна Америка уште во минатото лето, го доведе Џонатан Каљери на позајмица но тој ќе се врати во Бока Јуниорс.

Прато веќе има одредено европско искуство, поради тоа што во сезоната 2011/12 беше член на италијанска Џенова.

Одигра 17 натпревари и постигна три гола. Многу е подобар во сегашниот клуб, Атлетико Минеиро, во чиј дрес одигрса 101 натпревари и постигна 41 голови.

Покрај Прато, Вест Хем досега уште покажа одреден интерес и за Маркус Рашфорд и Антони Марсијал.

Лондонските Чекани моментално го заземаат 13 место на табелата од Премиерлигата со 19 освоени бодови.