Вечна дилема – Лионел Меси или Кристијано Роналдо? Тие се всушност „близнаци“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вечна дилема – Лионел Меси или Кристијано Роналдо? Мислењето е поделено, а токму овој двоец го одбележа изминатото време. Воедно и ги поместија границите на оваа игра во последните 10-ина години.

Навистина неверојатни звучи дека овие двајца фудбалери од 2009 година постигнаа точно по 270 голови. Треба да се нагласи дека Меси одигра 12 минути повеќе од Роналдо.

Имено, Роналдо откако ги засили редовите на Реал постигна 270 голови во 247 натпревари во Ла Лига додека Меси за истиот број на голови му требаа 252 натпревари.

Португалецот во тој период одигра 21 206 минути, додека асот на Барселона на теренот помина 21 218 минути.

И додека кај бројни голови од 2009 година како близнаци, Меси е далеку подобар кога се во прашање асистенциите. Имено, Меси вкупно има 104 асистенции, 26 повеќе од Роналдо.

Кога се во прашање трофеите, Меси од 2009 година пет пати ја освои Ла Лига, три пати Купот на Кралот, а два пати го подигнуваше пехарот во ЛШ. Роналдо првенството го освои еднаш, има два Куп на Кралот и две ЛШ, и првенство на Европа со селекцијата на Португалија.