Вејд: Придружете ми се, ова е мојот последен танц


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двејн Вејд одлучи да одигра уште една сезона во НБА лигата.

Еден од најдобрите бек шутери во НБА лигата освои три титули и позади себе има богата кариера. Иако имаше гласини дека би можел да се пензионира ова лето, тој одлучи да одигра уште една сезона.

Триесетишестгодишниот кошаркар во емотивно видео соопшти дека останува уште година дена, него го чека последниот танц…

,,Секогаш ги работев работите на свој начин. Беа тие и добри и лоши, до ова дојдов затоа што работев и чувствував дека тоа е исправно за семејството и за себе. А чувствувам дека е испрвано да ве замолам вас да ми се придружите во последниот танц, во уште една сезона”- рече Вејд.

Имаше гласини дека би можел да се врати во Мајами, но тој сеуште е дел од Кливленд но сеуште не е познато во чиј дрес ќе настапува следната сезона.