Видео: Мајсторија на Роналдо за водство на Реал Мадрид

Кристијано Роналдо донесе водство за Реал Мадрид во финалниот натпревар против Гремио во рамките на Светското клупско првенство.

Португалецот од слободен удар од околу 30 метри го совлада Грохе и стана првиот играч во историјата кој погодил на две финалиња по ред.