(Видео) Мајсторски гол на Бабунски за Јокохама


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Давид Бабунски го одигра четвртиот врзан натпревар за тимот на Јокохама Маринос откако претходно речиси еден месец воопшто не доби шанса од тренерот на овој тим.

Нашиот повремен репрезентативец на денешната средба со Церезо Осака го постигна својот трет погодок во дресот на Јокохама. Бабунски го отвори резултатот во 13. минута совладувајќи го гостинскиот голман од голема далечина.

Сепак, неговиот тим претрпе тежок пораз од 1:4 со што си ги намали шансите за пласман во Азиската Лига на шампиони.

Бабунски играта ја напушти во 59. минута, а од страна на навивачите беше избран за најдобар поединец во редовите на Јокохама.