Виера и Балотели се „спукале“: Италијанецот заминува од Ница!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Марио Балотели очигледно ја заврши својата авантура во Ница, откако сезонава одигра 10 натпревари и не постигна ниту еден гол, а имаше само една асистенција.

Тренерот на францускиот клуб, Патрик Виера реши дека Балотели не му е потребен за мечот со Стразбур, но најави и дека контроверзниот фудбалер би можел да замине во јануари.

„Нема да игра против Стразбур. Тоа е моја одлука“, кажа Виера.

Поради тоа што на Италијанецот нема да му биде понуден нов договор, а сегашниот му завршува на крајот на сезоната, француските новинари ги интересираше дали Балотели ќе замине уште во јануари.

„Има договор до лето, кој нема да биде продолжен. Постои можност да замине и во јануари“, порача тренерот на Ница.