Вини Џонс има порака за Месут Озил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Озил не се прослави баш во првите две кола против Сити и Челси, поради кои се најде на удар на јавноста. Арсенал во саботата на свој терен го совлада Вест Хем со 3:1, а Унаи Емери не можеше да смета на германецот.

Тој изјави дека е преладен и дека не е во состојба да игра против градскиот ривал. Многумина веднаш помислија дека е сомнително, бидејќи веќе седми пат оваа година не игра поради наводна прелата, а занимливо е дека секој пат ова се слчува која тој е во лоша форма.

Во англиските медиуми се огласи и некогашниот фудбалер Вини Џонс кој сега е попознат како глумец, а познат е по тоа што секогаш го оставаше срцето на терен.

„Нека оди да гради патишта или да се вработи во болница да готви за болните. Работи нешто поради кое ќе бидеш горд, ако не си горд поради тоа што моментално ја работиш најубавата работа на светот. Тоа е се што можам да му кажам“, изјави тој.