„Вистина е, сакаме да не води Сампаоли“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА) со сите сили сака Хорхе Сампаоли да ја преземе селекторската позиција.

После што Едгардо Бауза доби отказ после лошите резултати, Аргентинците веќе на големо се во потрага за нов селектор и се чини дека веќе е “избран“.

Главната желба се вика Хорхе Сампаоли, но за негово доаѓање прво ќе мора да се преговара со шпанска Севиља, каде што Аргентинецот работи како тренер.

„Ќе преговараме за доаѓање на Сампаоли од Севиља, бидејќи го сакаме за селектор“, изјави претседателот на АФА Клаудио Тапиа.

Освен Сампаоли, Аргентина ја разгледуваше и можноста за доведување на Диего Симеоне кој го води Атлетико Мадрид.

Аргентина во јужноамериканските квалификации го зазема петто место и пласманот на СП во Русија е сеуште под знак прашање.