Вистинската симфонија почнува од маестрото – Бонавентура како пример за правење нов голем Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главниот фудбалер на росонерите ќе го продолжи договорот со клубот од Сан Сиро.

Кога имате резултати се е полесно, а Милан ги има. На Сан Сиро сакаат да почнат со правење на моќни росонери, а како прв чекор за таквото нешто ќе биде новиот договор на најдобриот фудбалер на овој клуб на актуелната генерација, Џакомо Бонавентура.

Актуелниот договор му истекува во 2019-та година и нема потреба за брзање, но Газета Дело Спорт напиша дека преговорите започнале.

Адријано Галијано имал состанок со Мино Раиола каде познатиот менаџер побарал подобри услови за фудбалерот, па најверојатно и ќе ги добие.

Милан оваа сезона во Серија А изненадувачки почна добро, а Бонавентура се разбира дека е еден од клучните штрафови во играта на Винченцо Монтела.