Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Португалскиот стратег Андре Виљаш Боаш откри дека одбил убава понуда од францускиот гигант, ПСЖ додека бил тренер на Тотенхем.
41 годишниот стратег истакна дека од денешна перспектива жали што го сторил тоа.
„Првата сезона во Тотенхем беше неверојатна од сите аспекти. Имавме „краток“ состав, но огромен дух. Имавме најмногу поени во историјата на Тотенхем со неверојатниот Бејл кој играше зад Адебајор.
Тогаш добив понуда од ПСЖ, тим кој силно ме посакуваше, но јас реков не само поради љубовта кон Тотенхем. Можеби тоа беше грешка“ –заклучи Виљаш Боаш за „А Бола“.