Возбудлив натпревар во Турција – ЦСКА се врати на победнички патеки!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес од 18:00 часот беа одиграни 2 натпревари во Евролигата.

Еден од натпреварите кој се играше во тој термин беше помеѓу ЦСКА Москва и Милано. Во овој натпревар не беше видено некое посебно возбудување, односно ЦСКА ја оправда фаворитската улога и конечно се врати на победнички патеки.

Русите го започнаа натпреварот многу жестокот, притоа декласирајќи ги противниците од Италија со 27:9 во првата ¼.

Продолжението од натпреварот, поточно втората ¼-на не донесе ништо посебно, односно повторно одлична игра на ЦСКА и доминација на теренот, па на полувремето заминаа со предност од 56:25.

Италијанците во вториот дел започнаа малку подобро, но не доволно добро и беа и во третата ¼-на полоши, односно ЦСКА победи во тој дел со 22:21.

До крајот продолжи добрата игра на домаќините и на крајот стигнаа до победата со 101:64.

Најдобар стрелец на натпреварот беше Нандо Де Коло 22 со постигнати поени, а него го следеше Андреј Воронцевич 18 со постигнати поени додека во редовите на Милано најдобар беше Милан Меквен 18 со постигнати поени.

Во вториот натпревар кој се играше денес од 18:00 часот, тимот на Галатасарај беше подобар од тимот на Жалгирис.

Ова беше натпревар исполнет со возбудувања од самиот почеток.

Во првата ¼-на играта беше израмнета, па тимовите влегоа во втората ¼-на со резултат 17:17. Таму беше видена малку поголема борба, но и подобра ефикасност на домашниот тим и водство на полувремето за Галатасарај од 40:34.

Натпреварот продолжи во ист ритам, а во третата ¼-на резултатот беше 25:23 додека во последната ¼-на продолжи борбата, но веќе беше познат победникот.

Галатасарај успеа да триумфира со резултат

Најдобар стрелец во натпреварот беше Бруно Фитипалдо со 20 постигнати поени.