Воздишки од целата фудбалска јавност: По последниот пенал, реакцијата на Азар плени (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Сити освоија трофеј во англискиот Лига Куп откако во финалето славеа против Челси.

Избраниците на Пеп Гвардиола во финалниот дуел славеа против Челси по пенали бидејќи по 120 минути игра немаше погодоци на „Вембли“. Повеќе среа и знаење во изведувањето пенали имаа „Граѓаните“ кои така дојдоа до уште еден трофеј.

Челси тактички одигра одличен меч бидејќи само десет дена претходно беа понижени од Сити во Премиер лигата. Тогаш Сити славеше со 6:0, но во финалето „Плавите“ делуваа одлично на теренот.

По мечот една камера посебно го снимаше Еден Азар кој со својот потег ја воодушеви јавноста. Тој прво ги тешеше соиграчите, а потоа се поздрави со судиите, и им честиташе на играчите на Сити за победата. Така еден професоналец и лидер треба да се однесува без оглед на се.