Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Крајот на годината е блиску, а со самото тоа и половината од фудбалската сезона во Европа.
Whoscored објави имиња на фудбалери кои најмногу напредуваа во актуелната сезона во однос на минатата.
5. Матео Ковачиќ (Реал Мадрид)
Ковачиќ имаше тежок пат да се докаже во Реал Мадрид после тоа што се чинеше дека ќе биде скапо промашување на кралскиот клуб. Сепак, оваа сезона ја искористи шансата поради различните проблеми со повреди. Зидан ги немаше Иско, Хамес и Касемиро и стана редовен член во оние 18 кои конкурираат за првиот состав на кралскиот клуб. На теренот игра фантастично. Ковачиќ оваа сезона имаше успешност на додавање, 92%. Исто така се зголеми и бројот на пресечни топки како и успешност на дриблинзите (2.6 во однос на 1.7).
4. Пабло Пјати (Еспањол)
Пјати погоди со трансферот од Валенсија во Еспањол во кој оваа сезона е заслужен за петте погодоци и седумте асистенции. Аргентинецот расцвета кај тренерот Кике Санчез Флорес, а неговото место дека е бетонирано во тимот зборува и бројата од скоро две клучни додавања по натпревар. Во превод, барем два пати во натпреварот им мести на соиграчите шанса за погодок.
3. Фелипе Андерсон (Лацио)
После тоа што беше еден од најдобрите во сезоната 2014/15, бразилецот во Лацио продолжува да блеска. 23-годишниот во оваа сезона повторно ја најде формата кој кај себе сакаат да го имаат многу европски гиганти, а статистиката тоа само го потврдува. Андерсон оваа сезона има драстично зголемување на успешни стартови по натпревар(1.7 на 3.5), а има пораст во клучните додавања(2.1 во однос на 0.9). Доминира и во сегментот на успешност на дриблинзите(3.2 во однос на 1.9), а нагло порасна и правењето на шанси за погодок, од три до десет.
2. Еден Азар (Челси)
Еден од највидливите играчки примери колку Антонио Конте го подигна Челси е Еден Азар. Азар во овој момент постигна дупло повеќе погодоци во однос на истиот период минатата година(9 спрема 4), а и количината на успешни дриблинзи му порасна од 2.9 на 4.9 по натпревар.
1. Един Џеко (Рома)
Џеко минатата сезона ги тресеше мрежите осум пати, оваа година репрезентативецот на Босна и Херцеговина ја врати довербата кај раководството на Рома кој без разлика на слабиот учинок го откупија неговиот договор го задржаа во клубот. Џеко оваа сезона има постигнато 13 погодоци. Драстично се зголемија ударите кон голот по натпревар, од 2.7 на скоро 5 во 90 минути игра.