Вотфорд пред потпис со голем бразилски талент


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вотфорд е пред потпис со ѕвездата на у20 репрезентацијата на Бразил, Ричарлисон.

Младиот Ричарлисон за 13 милиони фунти ќе пристигне на „Викариџ Роуд“ од редовите на Флуминенсе.

Ричарлисон игра на напаѓачката позиција, а еднакво добро се снаоѓа и како лево и десно крило, а за Флуминенсе минатата сезона постигна пет погодоци на 14 натпревари.

Ричарлисон со Вотфорд ќе потпише петгодишен договор, а во моментов се наоѓа во Англија каде ги минува медицинските прегледи со клубот.