Војната продолжува: УЕФА повторно ја казни Легија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не запира војната на релација УЕФА- Легија, откако челниците на европската фудбалска асоцијација повторно го казнија клубот од Варшава со 50.000 евра и плус празни трибини на една од следните натпревари во рамките од европските купови.

Причината за оваа санкција е најновиот транспарент на навивачите на Легија преку кој ја претставија УЕФА како свиња која брои пари од казните на клубот.

„Дисциплинската постапка се однесува на пиротехниката и недозволените транспаренти на претходниот натпревар со Шериф. Клубот веднаш побара образложение за казната. Штом го добиеме, ќе видиме дали ќе се жалиме“- соопштија од Легија.

Навивачите на Легија во неколку наврати вадеа моќни транспаренти кои се забранети од УЕФА.