Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се кршат копјата околу еден од најбараните млади универзалци на денешницата…
Додека клупската сезона се ближи до крај, на тлото на фудбалска Италија се води војна меѓу Рим – Бергамо – Милано. Во центарот на вниманието е Френк Кеси.
Еден од најбараните млади играчи за врска на денешницата повторно е причина за расправија меѓу членови на Серија А.
Како што јавуваат бројни италијански медиуми, Кеси ги скара членовите на Рома и Милан, кои со сите сили го сакаат талентираниот играч од БСК веќе во наредното лето.
Меѓутоа, проблем е во тоа што едниот има договор со клубот, не и со играчорт, додека на другата страна ситуацијата е спротивна.
Имено, емисарите на Рома во текот на минатата недела успееја да постигнат начелен договор со водечките луѓе на Аталанта и име оштета ќе искешираат 28 милиони евра.
Сепак, агентите на Кеси не се задоволни со условите кои Волчицата ги нуди за нивната надеж.
Наводно, се работи за сума од 1.2 милиони евра, што е речиси десет пати повеќе од тоа што Кеси моментално го заработува. А тоа е околу 150 000 евра.
Една од најголемите пречки за Рома е моментално што Кеси го сака Милан.
Газета дело Спорт пишува дека Кеси веќе порача на своите претставници дека срцето му вели – Милан – и дека Рим не е примамлив.
Само ден поради тоа што челниците на Рома добиле зелено светло од Аталанта, Росонерите стапија во директни контакти со агентите на Кеси и експресно се договорија околу платата и бонусите кои на играчот ќе следат.
Се споменува сума од 2 милиони евра нето, без бонуси.
Но, на Милан моментално недостасуваат пари со цел да ја придобија Аталанта. А тоа е идентична сума на пари која ја бараат од Рома.
Ќе биде тоа интересна трка во ова лето.