Војна на гигантите во Манчестер: Кој ќе победи за играчите од Лондон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиумите донесуваат вест дека градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед се сериозно заинтересирани да се засилат од Тотенхем.

Според медиумите, од Манчестер се заинтересирани за Кајл Вокер и Дени Роуз, левиот и десен бек на Тотенхем.

За услугите на овие одлични играчи се подготвени да платат вкупно 60 милиони фунти, а прашање е дали ќе биде доволно тоа да се задоволи управата на Тотенхем.

Дени Роуз има 26 години, игра на позицијата лев бек и досега за Англија одигра 11 натпревари додека Кајл Вокер десен бек кој зад себе има 22 натпревари во дресот на Англија.

Роуз оваа сезона за Тотенхем одигра 15, а Вокер 19 натпревари во ПЛ.