Во Баерн постои крт, Хасан се закани: „Можете ли да замислите што ќе му направам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ситуацијата во Баерн значително се смири откако баварскиот клуб во ЛШ со високи 5-1 ја совлада Бенфика.

После триумфот барем малку воздивна и Нико Ковач. Малку се промени ситуацијата, откако медиумите во Германија на големо пишуваа за негова смена, па сега целата сиутација доби пресврт. Сите се конечно покрај Ковач, дури Робен и Ноер после последниот натпревар го пофалија.

Но, она што челниците во Баерн ги загружува е дека, наводно Баерн има крт во соблекувалната. Ковач е уверен за ова, бидејќи константно сите информации излегуваат во јавноста, а мислење за ова има и Салихамиџиќ.

„Ако постои крт во соблекувалната, можете да замислите што ќе му направам ако го фатам“, се закани Брацо.

Баерн наредниот натпревар го игра против Верцер, а останува да се види дали и овој пат Ковач ќе го крие составот од играчите, како што беше случај порано.