Во договорот јасно стои, дали е тој „десетката“ на Јунајтед во наредната сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот е се поблиску, сите три страни го сакаат, но прашање се пари.

Реал Мадрид сака да го продаде Џејмс Родригез и тоа не е тајна.

Тие ќе пробаат да вратат поголем дел од парите вложени во Колумбиецот, но тоа тешко оди, тешко дека англиските клубови ќе платат 80 милиони евра.

Тие пари ги има Интер, но играчот веќе во зимата го одби Интер, тој сака во Јунајтед.

Има некој вид на ветување, Мендеш пробува го издејствува трансферот, но и постои и причина дека Мурињо нема намера да плати повеќе од 50 милиони евра.

Тоа е недеволно, но Реал молчи, се надеваат сепак на договор, но нема да го нарушуваат мирот на екипата до крајот на сезоната.

Интересно, во договор со Адидас, Родригез има клаузула по која мора да носи број 10 и тој број ќе биде слободен во Манчестер Јунајтед поради тоа што Руни заминува.

Некои колумбиски медиуми објавија дека и Јуве ја чува десетката за овој фудбалер, но Италијаните имаат некои други мети и тешко деќа платат толку пари за некогашниот фудбалер на Порто и Монако.