Во Реал Мадрид убедени дека ќе го обезбедат потписот на играчот на Тотенхем

Според вестите пренесени во англиските медиуми, од таборот на Реал Мадрид се убедени дека ќе го обезбедат потписот на играчот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Данскиот интернационалец е прв избор на Зинедин Зидан за средниот ред и ќе стори се да го донесе во своите редови.

Јасно е дека Зизу ќе спрема комплетен ремонт на тимот во следниот период, а Ериксен ќе биде клучниот дел од тој ремонт.

Се верува дека Тони Крос ќе си замине од тимот во летниот преоден рок и кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, а токму играчот на Тотенхем ќе биде донесен како негова замена.