Во случај да пропуштивте: Магичната асистенција на Килијан Мбапе


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Уште една одлична партија на младиот Французин.

Килијан Мбапе во својата автобиографија може да додаде уште еден одличен фудбалски натпревар, бидејќи синоќа ја предводеше репрезентацијата на Франција до победа над Исланд.

Франција во второто коло на Групата Х во кфалификациите за Европското првенство го совлада Исланд со 4:0, Мбапе асистираше за 2 гола, а постигна еден.

Триколорите поведоа уште во дванаесетата минута од натпреварот. Мбапе прецизно асистираше, а тоа го искористи Умтити кој одлично реагираше и постигна гол за водство од 1:0. Тоа беше резултатот за првиот дел од натпреварот.

За водство од 2:0 се погрижи Жиру во шеесет и осмата минута, а десет минути подоцна Мбапе повторно настапи на сцена. Гризман му асистираше, а тој одлично се снајде и го покачи водството на 3:0.

Но Мбапе не остана должен, тој за само шест минути покасно му ја врати услугата на Гризман, тој мајсторски со пета го пронајде Гризман кој го постави конечниот резултат за натпреварот помеѓу Франција и Исланд – 4:0.