„Во Ф1 имаш само една единствена шанса!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фандорне откри за јавноста дека има договорот со Мекларен и исто така вели дека не чувствува притисок бидејќи треба да го замени Батон.

    „Не гледам притисок. Имам договор со Мекларен и се надевам дека тимот ќе се бори за титула во иднина. Наредната година јас ќе дебитирам во тимот на Мекларен, заедно со Фернандо ќе возиме додека Џенсон ќе ни помага.“

    Тој вели дека бил блиску до деби во оваа сезона, но и дека малку недостигало да ја изгуби својата надеж дека некогаш ќе ги проба патеките во Ф1.

    „Не знам што се разговараше, но се сеќавам дека кога завршував со ГП2 сезоната, се зборуваше дека ќе добијам место во Ф1. Бев разочаран откако тоа не се случи. Времето е важно за секој од нас, па знаев дека или ќе дебитирам во 2017-та година или тоа нема да се случи никогаш.“